Поимот кампања во однос на политиката и особено во однос на изборната кампања означува збир на активности со кои се подготвува остварување на определена социјално-политичка цел. Изборната кампања подразбира политичка цел која има свој континуитет. Најмалку од се изборната кампања во теоријата се темели врз лаги и измами заради остварување на социјално-политичката цел. Токму во својата основа кампањата треба да го има континуитетот и се смета за јасно  презентирање на дотогашниот континуитет на политичките ставови исклучиво и само за време пред изборите.

И токму тука е проблемот, во соодносот на кампањата која е период на време пред избори и претходно воспоставениот континуитет на стабилни и јасни политики. Проблем е затоа што ветувањата во изборната кампања се навистина список на добри желби, а при тоа нема ниту траг од некаков си континуитет на политичките ставови и постапки. Тоа токму имплицира дека и по изборната кампања се што во истата е кажано нема да важи, бидејќи и социјално-политичката цел е определена исклучиво и само како цел да се преземе власта. А потоа. Е потоа не е важно, важно е дека се успеа во социјалната цел наречена измама на граѓаните и политичката цел определена и остварена како преземање на власта.

Така кај нас во Македонија нема ништо ново во однос на кампањата и континуитетот. Додека да започне кампањата за парламентарни избори можевме да ја проследиме невпечатливата пред кампања наречена кампања за претседателски избори. Видовме различни стратегии на додворување на граѓаните, само и само да излезат да гласаат, но видовме и некој американски ПР пристапи како блед плагијат со кои треба да се оствари социјалниот аспект на целите на изборната кампања. Преку овој божем ПР дознавме дека како дел од семејствата на поедини кандидати за претседател на Републиката, но и на некои политикантски сподоби, се и кутрињата кои како домашни миленичиња ги чуваат. Видовме и роденденски прослави на предметните кутриња со роденденски торти, и лајкови во кои лајкувачите на социјалните мрежи без срам и перде им се вовлекуваа во анусот на гордите сопственици на среќните четири ножни славеници. Се за малку очешување до потенцијалната власт, без грам на човечко достоинство и поставување на основното прашање: „Нели ви е срам бре копуци низаедни, да ставате животни во предизборна кампања па дури и торти да им правите за роденден додека некои од тие кои треба да ве избираат немаат ниту за леб“? Но, како се вели, секој народ има власт каква што заслужува. Се додека без сопствен интегритет им се додворувате дури и на нивните кутриња ќе бидете полоши од тие кутриња, препотентните и суетни политиканти ќе ве третираат како кутриња од шугава раса, а вие ќе молите за оглодана и сува коска.

И толку за карактерот на политикантските додворувачи. Впрочем тоа и не ме загрижува, тоа што ме загрижува се моите сопартијци кои сеуште му веруваат на Мицкоски, и голтаат се што ќе им сервира дури и во политикантската понуда, а тој пак упорно им кажува каков му е планот, но тие сакаат тоа да не го слушнат или пак дека не разбираат. Но сепак некои и разбираат.

Уште на првиот ден на кампањата за парламентарни избори, Мицкоски ја кажа својата порака кон нас како кон членство, кон граѓаните на Македонија, но и кон нашите партнери во ЕУ и НАТО. Тој јасно повикува да не се критикува Максимун со мини-ум, и обожаветелот на Енвер Хоџа викан Апасијата.

Како тоа бе Хритијане несреќо повторно успеа да го врзеш нашето ВМРО-ДПМНЕ (десна политичка партија) со испрдокот на Црвенковски кој доколку на памет не научи што треба да каже, неможе да склопи една реченица и со оној национал-социјалист (политичка теорија која како тоталитаристичка заврши одамна) кој комбинира со Троцкизам и Јакобинство обидувајќи се во Македонија да направи политичка алхемија со експлозивна смеса. Или јас сум нешто јанлаш? Ти тоа Христијане го подготвуваш теренот за правење глупости по изборите кои намерно сакаш да ги изгубиш. И повторно сакаш да настрадаат нашите сопартијци како и оние од 27-ми април. Тоа ќе да е, не ќе да сум јанлаш. Ваква политичка неписменост, да се бара национално обединување со дијаметрално спротивни политичко-идеолошки партии е невидена. Но ти немаш никаква идеологија, освен секако парите. Тоа е твојата идеологија која мислиш дека е сечија, но кога ќе удриш в ѕид и ќе се соочиш со некои кои не сакаат пари, тогаш бегаш и тоа веројатно те мотивира да прифатиш предизборен спот преку кој повторно покажуваш дека си со намера да ги изгубиме изборите.

Имено, токму обидот да ја поистоветуваш Македонија и македонската нација со семејство е една голема глупост. Ниту си ти таткото на нацијата, ниту пак можеш да бидеш национален татко, едноставно немаш ништо направено за Македонија и македонската нација за да ја заслужиш таа чест, впрочем како и другите твои божемни противкандидати. Повторно, како и целиот живот се потпираш на татко ти. Аман бе човек, каков е тој комплекс наречен „тате“? Дали ти мислиш дека ние останатите немаме татковци, нас штркот не донесе? Социолошки гледано, на еден или друг начин секој растел и се формирал во некакво семејство во определени социјално-економски услови и под одредено влијание за воспитание и образование. Оттука, тоа што татко ти бил инжинер-специјалист за шински возила никому ништо не значи во политичкиот избор. Дали со овој спот сакаш да кажеш дека нашите сограѓани, познаници, пријатели чии татковци не биле инжинери (образовани), кои немале среќа да пораснат со татко (од разни причини или останале сираци) или пак пораснале по домовите за деца без родители се помалку вредни и немаат соодветни морални и семејни вредности за да се мерат со тебе? Кој ли од тројанците те намести за да следуваат задкулисни игри со различен нтензитет токму во врска со твојата подобност за еден ваков спот? И тоа е видливо само во еден дел од анализата на овој спот и неговата содржина која доколку ја анализираме во целост би ни требала посебна колумна.

И секако, еве да те поучам. Во демократски развиените и институционално функционалните држави се гласа за личности, не за семејно потекло. Тоа може за домашните миленичиња, да бидат со педигре, можеби затоа и ги употребуваат кутрињата во спотовите, по принципот, кучето ми е со педигре и јас сум со педигре. Интересен пристап вреден за психолошка анализа на здравата памет.

Но мене не ми е целта да го опаметувам Мицкоски, тука нема спас а тоа и дедо Герасим ми го кажа во една реченица. Дури и Груевски во една прилика по принципот „думам ти ќерко-сети се снао“ низ еден ФБ статус му го кажа тоа на Мицкоски, кога му ја откри тајната на својот успех, објаснета како континуирана работа, а не времена кампања. Токму така континуитет, да не кажеш потоа дека не си знаел и дека не ти било помогнато. Затоа мојата цел која можеби некому му се чини невозможна е да ги зачувам при здрава памет и неповредени моите чесни сопартијци. Затоа што тоа што ни се подготвува и што засега го гледаме само во најава може да однесе многу наши сопартијци повторно да бидат жртви.

За да нема жртви заради политичко-лукративната амбиција а во основа политичката неспособност на Мицкоски и неговата видлива омраза кон ВМРО-ДПМНЕ и партиското членство имам два конкретни предлози до Мицкоски. Најпрво, мора да констатирам дека последниве два-три месеци Мицкоски калкулира со бројот на гласови за неговиот кандидат Силјановска, но и преку наместени анкети и за бројот на пратеници. Така започна со сто илјади разлика во корист на Силјановска во однос на Пендаровски во првиот круг а дури 150 илјади во вториот круг, потоа дојде до педесет илјади, а последнава недела преку партиските поговарања пласира бројка од 60-70 илјади гласови во полза на Силјановска, но дека нема да надмине вкупно 290 илјади гласови во првиот круг. Ова ми личи на уште еден елемент за амортизација на губењето на изборите и изнаоѓање виновници во некакви нерегуларности на изборите, како и доведување во забуна на членовите на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ околу изјавите на Мицкоски за да може да манипулира токму со чувствата на нашите сопартијци.

Поаѓајќи од овие надавања на Мицкоски еве ги моите два предлози:

Прво, доколку Силјановска во првиот круг избори не успее да достигне разлика од над 50 илјади гласови во однос на Пендаровски, ти Мицкоски и твоето раководство веднаш да си поднесете оставка а ти лично да се повлечеш од изборната кампања.

Второ, доколку разликата во првиот круг на претседателски избори е во полза на Силјановска со разлика до 80 илјади гласови, ти Мицкоски да ја ставиш во најава твојата оставка по завршување на изборите, бидејќи лицитираше дека во вториот круг твојата Силјановска ќе победи со разлика од 150 илјади гласови и доколку тоа не се случи да си заминеш од позицијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем, да не бидам песимист но во вториот круг на избори Силјановска ќе изгуби (за објаснување на тоа зошто и како потребна е цела една колумна), така што лицитираната бројка од 100 илјади, по ново 70 илјади гласови разлика за Силјановска во првиот круг е дел од лагата која ја пласира Мицкоски со задни намери, токму кон нас членовите на партијата.

Како и да е имам силно чувство дека Мицкоски ја продаде куќата, односно не води кон губење на изборите, а потоа и последиците од истото. Како поинаку да го разберам тоа што му се намести на Апасиев со предлогот за ненапаѓање и го предизвика бруталниот негов одговор во антички филозофски стил. Да му дадеш ваков пенал на политички противник на самиот старт на парламентарната кампања е исклучителна политичка неписменост или намера. Што и да е, Мицкоски си знае. Исто така, не разбирам како не постои темелна анализа на јавните настапи на главниот политички противник на ВМРО-ДПМНЕ, СДС и нивниот претседателски кандидат. Да не се реагира на исклучително видливи и до крајност глупави изјави и тоа да не се искористи во своја полза не е ништо друго освен показател за однапред дадена согласност дека Силјановска е само една од многуте жртви на Христијан како резултат на неговата лукративна политика. И токму тие политики се единствениот континуитет на Мицкоски кој е преточен во божемна кампањата.

Во вакви „чудни“ мигови за Македонија вообичаено се јавува дедо Герасим во една-две реченици да ни објасни каде сме, а тој знае кога насушно ни е потребен. Па така и овој пат ми кажа. Внучко што да ти кажам за таа Ваша тивка интелектуална провинција. Можеби она што му го кажав на мојот драг пријател Данте. Знаеш тоа беше време кога ја пишуваше „Божествена комедија“. Не нѐ се однесува на твојот комедијант Мицкоски,  за него важи: „Глупавите се втурнуваат таму каде што ангелите се плашат да стапнат“. Тогаш му реков на Данте: „Најмрачните агли на пеколот остави ги резервирани за оние кои остануваат неутрални во време на морална криза“!

Сега навистина се поставува прашањето: „Кој му го смести на другарот Мицкоски“? – Титовиот пионер Апасиев (борче ли Димче ли беше), или …

 

Оливер Андонов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *