Алберт Сониксен во „Исповед на еден македонски четник“ опишувајќи го дејствувањето на ВМРО, во почетокот на 20-от век, Организацијата ја нарекува „Подземна Република“. Тоа се должи пред се на моќта која ја има ВМРО на територијата на Пиринска Македонија, делумна и во Вардарска и Егејска, и создавањето на паралелен систем на владеење viz-a-vi официјалните окупаторски власти. Но, тоа било во услови на запоседната територија од непријателски власти, па за оваа храброст и моќ треба да се оддаде признание и да се поклониме на нашите претходници!

Основа за создавање на плуралистичко и демократско општество, во 21-от век е транспарентноста во своето дејствување на политичарите и државните институции. Поточно суверенот – народот, кој одстапува дел од своите права заради создавање на организирана форма на државно-правно уредување, мора да биде запознат со секој чин кој го превземаат политичарите. Последно нешто што може да се случи е манипулирање на суверенот. Во Македонија транспарентноста и демократијата се само декларативни искажувања на политичарите и илузионизам. Во пракса функционира „подземната држава“, паралелен систем креиран и во функција, единствено, на интересите на политичко-олигархиската булумента.

Кога пред пет години, пред да се случи т.н. Преспански договор, почнав да пишувам за сите манипулации на политичарите пред се за (непринципиелната) коалиција помегу ДПМНЕ и СДС, како и за тоа колку македонската политичко-олигархиска структура е под влијание и постапува по диктат на странски безбедносни служби и во интерес на туѓи национални интереси, многумина моите писанија ги ставија во групата – теорија на заговор. Не ми преостана ништо друго освен да сочекам времето да ме потврди и апокрифната историја излезе пред очите на јавноста. За „договорите“ за промената на името и учеството на опозицијата, за малоумната власт на СДС доволно е пишувано, во оваа бласфемија за македонската нација, наскоро ќе излезат скриените факти од кои многумина, пред се членовите на ДПМНЕ, ќе останат со подотворена уста.

Тајните средби, обелоденети во јавноста, помеѓу „представници“ на ДПМНЕ и СДС јасно ја потврдија коалицијата помеѓу раководствата на партиите, имено, еден од основните предуслови за „Подземната држава“! Јасно видливите „подземни“ договори за криминално владеење и уште покриминална опозиција која само е спотер на Власта, имајќи го пред вид малтретирањето на членовите на ВМРО-ДПМНЕ од страна на власта на СДС, би рекол спаринг партнер или боксерска вреќа. Но, раководството на ДПМНЕ настапува по онаа народната „што се сто стапа по туѓ грб“ или десетина години затвор за некои наводни „уставобранители“ односно „терористи“ според вокабуларот на, од меѓународните организации прогласена, терористичка комунистичка власт.

Но за најголемиот ЕПИГОН на македонската политичка сцена, Господин, Доктор, Професор Христ-ијан Мицкоски, разоткривањето на тајните, мистични, би рекол бизарни негови политики се безмилосни и го ставаат во редот на безнадежен „homo politikus“. Последно, на „чајанката кај големиот шериф“, се сеќавате на „Алиса во земјата на чудата“, изнедри генијална политичка стратегија, дека треба да се движат по патеката која им ја „трасира“ СДС, па и тие ќе тргнат во туристичка тура, но во однос на СДС, во посета на над 300 населени места „ширум“ Македонија. Да не е смешно би било таговно. Веројатно мислат да посетат и повеќе села во Северна Италија, Германија, Швајцарија, САД, Австралија…таму каде што, заедно со СДС, ги протераа македонските граѓани. Оваа наводна политичка „активност“, договорена во коалицијата СДС-ДПМНЕ, е за наводно премолчено најавени предвремени парламентарни избори. Нерационална хермафродитна „активност“, плод на безидејноста и политички инфантилизам поради кој ја навлекоа државата и општествените, економските и политички процеси во „ќор сокак“. На „нашите“ политиканти сплотени во непринципиелни коалиции ова им се стори единствен излез за манипулација на суверенот. Всушност и ова не е нивна иманентна идеја, напротив ова е по наредба на олигарсите и странските политички ментори односно нивните интереси. Колку нешто да се случува, тие „немаат сила да умрат“, како би рекол народецот наш, не пак да предизвикаат предвремени парламентарни избори. Не би можеле да го сторат нит со заеднички коалициски усилија СДС-ДПМНЕ.

Сепак, посебно загрижува предлогот за координирано дејствување на ЕПИГОНОТ Мицкоски со ДУИ, за кој веќе има доволно работа за ЈО. Онака во пауза помеѓу две „женски караници“ на Судскиот совет, да постапат по делото „предизвикување на омраза, раздор…..“ согласно чл. 319 од КЗ. Она што јавно го обзнани Подпретседателот на Владата на РСМ Артан Груби, за предлогот на Мицкоски „јавно да се напаѓаат, за да им растел рејтингот на партиите“. Каков политички дилетантизам! Притоа, имајќи ја пред вид политичката провениенција на двете партии, јасна е алузијата кон која се движи генијалниот Мицкоски, создавање меѓунационална омраза и нетрпеливост. Повторно промоција на изнасилен националромантизам на епигонот Мицкоски. За „детето“ да не направи несогледливи штети по мирот и меѓунационалниот соживот во државата потребна е брза реакција од ЈО. За манипулирањето на членството на ВМРО-ДПМНЕ и за токсичноста на Мицкоски  одговорност ќе сносат „силните“ подржувачи од најблиското опкружување на Мицкоски.

Како што веќе предходно најавив, во периодот кој следи апокрифните (скриени) факти ќе го видат светлото на денот и целосно ќе го демаскираат ЕПИГОНОТ Мицкоски. Патем и многумина негови подржувачи како и политикантите од останатата олигархиско-политичка „братија“. Пред се во однос на:

Предходново е само прилог кон „Подземната Република“ и начинот на делување на нејзините креатори, секако пљачкосувањето со наместените тендери, корупцијата во институциите, организираниот криминал, нефункционирањето на безбедносниот систем, бизарноста на правосудната каста, декадентноста, се во основата на оваа „држава“. Ваквото поставување на државата, историјата досега безброј пати го покажала, е во насока на нејзино пропаѓање. Сите прерогативи на „Подземната Република“, овде наведени, беа причина за пропаста на Римското, Османлиското, Австро-унгарското, Руското царство како и Македонската империја.

На конто предходното мислам дека сите државни функционери треба да поминат на полиграф пред да стапат на функција. Се сомневам дека Мицкоски и од позиција на опозиционер е спремен да седне на полиграф не пак да им ги предочи, разоткрие на неговите најблиски соработници, неговите интелектуални, психолошки и здравствени проблеми, колку луѓето да знаат со кого си имаат работа.

Знаеш Внучко моето животно искуство кое не е мало, еве веќе 20-сет и нешто века бродам низ македонската цивилизација, постојано имам проблеми со разни мизантропи, негатори, завидливци и неспособни личности. Тие постојано се тука за да навредуваат и лаички опонираат на ноторните факти. Лаиците, како врв на нашиот малициозен интелект, одсекогаш биле проблем на Македонија, за волја на вистината многупати потикнати од туѓи интереси. Тие што никогаш не го подигнаа „сидрото“ за да се поместат од својот конформизам, како глувци скриени во своите глувчји дупки, тие зборуваат за храброст и активизам во борба за македонската кауза. Атеисти за вера и религија, анационални за нација, педофили за права на детето, криминалци за доблест, корумпирани политичари за морал…. „Царицата си остана иста, Змејот облече црно одело и запали пура, Царчињата само го изменија жаргонот и реторичкиот елемент и наметнаа современа облека“, нема каде, Јане Задрогаз мора да се разбуди!

 

Христос Воскресна

 

Во втората недела по Пасха – неделата на жените мироносици

 

Вонреден професор д-р Оливер Андонов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *