(втор дел)

Почитувани читатели, пред вас е вториот дел од колумната на Лидија Зафировска како дел од политиките за кои Внатрепартиската фракција за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ се залага во областа на животната средина.

Македонија се гуши во сопствениот чемер и јад. Пожарите – на депонии, во шуми, во населени места – одамна престанаа да бидат само „несреќа“. Тие се резултат на занемарување, отсуство на системска грижа и политичка негрижа. Последиците ги гледаме секоја година: илјадници хектари уништени шуми, загаден воздух, неплодна почва и болести кои тивко, но немилосрдно го одземаат здравјето на граѓаните. Ова повеќе не е само еколошко прашање. Тоа е прашање на право на живот, на опстанок, на одговорност.
Одговорноста што недостига -Уставот на Република Македонија, во член 43, јасно гарантира: „Секој човек има право на здрава животна средина. Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата. Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина.“
Оваа одредба не е декларативна, туку обврзувачка – таа ја става државата во позиција на гарант на правото на здрав живот – Републиката обезбедува услови за остварувње на правото на граѓаните на здрава ѓивотна средина.
Закони постојат: Законот за животна средина, Законот за управување со отпад, како и повеќе подзаконски акти кои налагаат превенција, мониторинг и санкции за загадување. Македонија како земја кандидат за ЕУ, е должна да ги почитува и директивите на Европската унија, особено:
• Директивата за управување со отпад (2008/98/ЕЗ),
• Директивата за индустриски емисии (2010/75/ЕУ),
• Рамковната директива за воздух (2008/50/ЕЗ).
Но, реалноста е сосема различна – инспекциските служби реагираат доцна или воопшто не реагираат, дивите депонии тлеат со месеци, пожарите се повторуваат како рутина, а институциите молчат.
Кога државата дозволува системско согорување на отпад, кога пожарите стануваат секојдневие, а граѓаните дишат канцерогени честички – тоа не е само еколошки проблем, туку директно кршење на уставни права и непочитување на законски и меѓународни обврски. Тоа не е случајност, тоа е системски пропуст.
Во секоја демократска земја ваквата состојба би повлекла оставки, кривични истраги и колективна политичка одговорност. Кај нас – премолчување што значи само едно: државата ја напуштила својата основна должност – да го заштити животот и здравјето на своите граѓани.
Затоа граѓаните од Македонија ќе бидат принудени да го искористат своето УСТАВНО право преку тужба до Основен граѓански суд Скопје да се тужи Република Северна Македонија застапувана преку Министерство за животна средина и просторно планирање поради системско загадување на животната средина и отсуство на ефикасни мерки од страна на државата, со што се прекршуваат уставните и законските обврски на Републиката, а со тоа и правото на тужителите на здрава животна средина и заштита на здравјето. Тужбата се базира на законска рамка: Устав, член 43: право на здрава животна средина, член 8: заштитата на животната средина е темелна вредност, Законот за животна средина – државата е должна да презема мерки за превенција, Законот за управување со отпад-забрането согорување на отпад на отворено.

Решение на проблемот е во следните итни и системски мерки:

1. Управување со отпад да овозможи елиминирање на дивите депонии и создавање функционален, циркуларен систем за управување со отпад.
A. Итно затворање на дивите депонии
Активности: Комплетен мапинг (гео-локација) на сите диви депонии и ризични места (приоритет: блиску до населени места, реки, извори).
Привремено затворање: означување, физичко оградување, гаснење тлеења, поставување контрола за пристап.
Почетна санација: покривање со инертен материјал/земја, поставување дренажи, контрола на емисии (чад, мириси).
Рок: итно (0–6 месеци) за најризичните; 6–18 месеци за сите.
Одговорни: општини (во координација со Министерство/ЈП за управување со отпад), инспекциски служби, локални служби за комунални работи.
Ресурси: мобилни екипи, механизација, средства за санација.
Очекувани резултати: број на затворени диви депонии; намалување на пожари/тлеења; мониторинг на воздух и подземни води во близина.
B. Воведување задолжителна селекција на отпад (door-to-door + контејнери)
Активности:
• Национален регулативен акт за задолжителна селекција (хартии/пластика/стакло/метал/органски/опасен).
• Дистрибуција на идентификувани контејнери и старт-пакети (канти за селекција) за домаќинствата.
• Јасен календар на собирање и кампании за едукација.
• Воведување стимули (пониски давачки за домаќинства кои селектираат, бонус системи).
• Рок: краткорочно (6–24 месеци) за пилот региони; национално 1–3 години.
• Одговорни: општини, Јавно комунално претпријатие, Министерство за животна средина.
• Ресурси: контејнери, возен парк, човечки ресурси, едукативни материјали.
• KPI: процент селектиран отпад, број домаќинства вклучени, намалување на количини за депонирање.
C. Изградба на центри за отпад (компостирање, сепарирање)
Изградба на центри за отпад (компостирање, сепарирање)
1.Активности:
Ова значи цел пакет на задачи што треба да се направат за да настанат и профункционираат регионални центри за отпад.
Секој центар треба да има повеќе линии:
• MRF – Materials Recovery Facility: постројка за сепарирање на отпад (пластика, хартија, стакло, метали).
• MBT – Mechanical Biological Treatment: механичко и биолошко третирање – дел за сортирање + дел за органски отпад (компостирање, стабилизација).
• Компостирање: специјализирани погони за биоразградлив отпад од домаќинства, пазаришта и земјоделство.
• Anaerobic digestion: технологија за производство на биогас (метан) од органски отпад – исплатлива во региони со голема количина биоотпад (Скопје, Полошки регион).
• Процес на ЕИА (Еколошка Идентификација/Проценка на влијанија) Проценката на влијанието врз животната средина ( ОВЖС )
• Пред да почне изградбата мора да се направи Студија за влијание врз животната средина (EIA).
• Се организираат јавни расправи/презентации каде што граѓаните, општините и НВО даваат мислење. Ова е услов за добивање дозвола и за ЕУ финансии.
• ЈПП и европски фондови Изградбата може да биде преку јавнo-приватно партнерство (ЈПП) – општина/регионот со приватен оператор.
• ЕУ фондови, ЕИБ (Европска инвестициска банка), ЕБРД (Европска банка за обнова и развој) можат да обезбедат кредити и грантови.
2.Рокови:
• Среднорочно до долгорочно: 2–7 години.
• Фаза 1 (0–2 години): планови, локации, ЕИА студии.
• Фаза 2 (2–4 години): обезбедување финансирање и проектирање.
• Фаза 3 (4–7 години): изградба и пуштање во работа.
3.Одговорни институции
• Министерство за животна средина – носител на стратегијата и законската рамка.
• Региони/општини – обезбедуваат локации, јавна поддршка и логистика.
• Инвеститори и приватни компании – градат и управуваат (како ЈПП).
• Донатори – ЕУ фондови, ЕИБ, ЕБРД, други меѓународни организации.
4. Ресурси
• Капитални инвестиции – изградба на постројки, машини за сортирање, компостери.
• Експертиза – инженери, екологисти, урбанисти.
• Обука – работници и службеници треба да се обучат за користење на опремата и за управување со системот.
5. Клучни Индикатори на Перформанс (KPI)
Мерливи резултати за да се следи ефектот:
• Капацитет на обработка (t/година) – колку отпад може да се обработи.
• Процент на рециклирано – колку отпад се рециклира наместо да оди на депонија.
• Намалување на депониран отпад – разлика пред и по изградбата на центрите.
D. Строга забрана и казни за согорување на отпад
Активности:
• Јасно законско дефинирање на забраната + структура на казни и мерки (конфискација на опрема, високи глоби).
• Редовни инспекции, користење на дронови/локални патроли за мониторинг.
• Јавно објавување на прекршителите и пресметките (донесе превенција).
Рок: веднаш (регулатива и почеток на примена 0–12 месеци).
Одговорни: инспекциски служби, полиција, општини.
Ресурси: обучени инспектори, мониторинг техника.
KPI: број казни/наредби; намалување на инциденти на горење отпад.

Овој стручен преглед за неопходноста од одговорноста од која зависи иднината на Македонија, на сите нас има и свое дополнување кое се однесува на потполно развиен систем за селекција и управување со отпад, а посебно за тоа каков е финансискиот план за реализација на клучната цел „Заштита на здравјето и животот на сите нас“.
Деталите, динамиката и финансискиот план за реализација на системот во овој миг ќе го оставиме исклучиво во рамките на нашите дискусии и конкретни планови во Внатрепартиската фракција во ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш кога Мицкоски ќе започне со демократските реформи на партијата и ќе престане со своите лојалисти и клиентелисти да врши труење и дебилизација врз нашите сопартијци, ние како Внатрепартиска фракција ќе ги изложиме јавно овие планови, динамика и финансиски импликации.

Лидија Зафировска, дипломиран градежен инженер
поранешен државен секретар во
Министерството за животна средина

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *