(Синергија помеѓу личното, посебното и општото.)
Навлегуваме во период на „Точка на бифуркација“ одовде понатаму постојат само две траектории по кои може да се движи нашето општество, пежоративно наречено ДРЖАВИЧКА.
Првата е пат на развој и прогрес личен и општествен а вториот е пат кон дезинтеграција и пропаст до исчезнување од светската карта на државичката Македонија и народецот македонски.
За прв пат сме во историска можност, за тоа по кој пат ќе тргнеме, тоа да го направиме сами, свесно или несвесно, заблудени или рационални, секако и добивката и загубата ќе бидат на наше конто но барем изборот ќе биде наш. Алибито кое се темели на толкувања на нашата историографија, толкувано од псевдоисторичарите поранешни премиери и дворски историчари, нема да бидеме во можност да го користиме. Тоа дека секогаш другите се виновни за нашите несреќи попречувајќи не да го „извадиме кубурот“ нема да може да ни биде „аrgumentum a contrario“ за нашата зла судбина. Едноставно, нивото на цивилизациски развој во 21-от век, најсвесниот од сите периоди на развојот на светската цивилизација, можноста во „риал тајм“ да се биде информиран за се што се случува ги попречува Нашите оплакувања. Кога кон ова ќе се додаде „новиот“ политички систем на плурализам и демократија, сите аргументи на лелек за лошите соседи, европејци или „амери“ пропаѓаат во вода. Единствени креатори на нашата судбина сме самите Ние. Изборот на лоши, необразовани, примитивци политичари, чиј единствен интерес, доказ изманатите 30 години, е нивното лично богатење пред се преку коруптивност и основно на штета на националните интереси. Тој избор е наше дело, понесени од наметната партиска егзалтираност секогаш избиравме полоши егземплари од предходните и се така во недоглед. Единствениот Наш поглед кон иднината е со „главата во песокот“, перспектива која „со очи ширум затворени“, за да не го видиме „голиот цар“ нашиот припрост политичар, единствено дозволува да се види редот на летање за бегство од татковината. Но токму таквата позиција на гледање, за оние кои останаа на ова парче земја, кон нашата политичка сцена е она што го креираат Нашите т.н. лидери на Политички Партии. Овде секако доминира со својата „грамадна“ интелигентна политичка мисла, водачот на бандата „Тапоглави“, неговата Висост г-дин Мицкоски. Но, да не губиме могу време со таква опскурна личност, посебно со неговата малициозност, мизантропија и хипокризија која на јавна сцена ја промовираше последните недели. Политичките иновации на Мицкоски веројатно во светските политички енциклопедии ќе бидат ставени во рубриките „верували или не“. Прво се изјасни против „Пржинската влада“ овде сме на исто и Ние од фракцијата сме против избор на Влада за спроведување на избори. Прво, поради тоа што освен административни проблеми на граѓаните и закочување на бизнисите друго ништо не креира. Второ, сметаме дека Македонија има демократски капацитет за спроведување на избори од оние кои се на власт, тие нека ја понесат одговорноста. Но потоа следи изненадување, во духот на познатата конзистентност на Мицкоски, ќе „даде“ предлог Министри но нема да ја гласа Владата. Но овде не е крајот на оксиморонските генијалности на „даскалот“, освен што нема да ја гласа владата со негови Министри туку истите немало да учествуваат во работата на Владата. Ако ова не е еклатантен пример за политички аутизам од страна на Лидерот на „тапоглавите“, не знам што е! Кога кон ова ќе ги додадам и неговите бравурозни акробации со добивање на правото сам да ги избира Министрите секако, по аналогија и кандидатот за Претседател на државата, се добива комплетна „скица за портрет“ на еден партиски диктатор. Токму ова беа и причините кои не натераа да се поставиме како Фракција наспроти узурпацијата на партијата од страна на Мицкоски, со барање за демократско уредување на партијата односно функционирање на телата во партијата, единствен начин да се избегне апсолутизмот на „најпаметниот“ – Претседателот на партијата. Последната „функција“ која сам си ја додели Мицкоски е претседател на изборниот штаб, нешто што за прв пат се случува воопшто на македонската политичка сцена. Не, немој да мислите дека тоа е со цел да на соодветен начин го менаџира процесот на кампањата и изборите. Впрочем досегашното искуство покажа дека ниту се разбира од водење кампања ниту пак од законодавството поврзано со изборите. Но вака, меѓудругото, ќе биде 100% сигурен дека ќе ги реализира дадените ветувања на неговите бизнис пријатели од СДС и успешно ќе го предводи ВМРО-ДПМНЕ во сигурен пораз. Секако како верен поклоник на „Мамон“ слепо ги почитува и сопствените лукративни интереси па нема да дозволи никој да му земе од „неговото(партиско) азно“, со ова се заокружи процесот на приватизација на ВМРО-ДПМНЕ.
Напред наведеното само ги потврди шпекулациите, кои одамна се шират кај дипломатскиот кор и кај нашите стратешки партнери, дека врз Мицкоски е извршено лоботомија. Па, како безнадежен случај, од страна на меѓународната јавност е во политичка изолација, детронизиран или да бидам појасен дефакторизиран во целосната смисла на поимот.
Ова го споменувам за да, колку е возможно, им појаснам на полтроните од неговото опкружување што значи синтагмата „ослободени од притисоци“ изречена од Мицкоски на еден од последниот ИК. Не станува збор за никакво „ослободување од притисоци“ туку меѓународна изолација и дефакторизирање. Но да го оставиме настрана Мицкоски и негативната референца за секој кој е приближен до него и се навратиме до она што го нареков „точка на бифуркација“, може да се искористи и народниот наратив „вододелница“.
Имено, секоја нација во одреден временски период ги ицрпува воспоставените општествено-политичките и економски односи и доаѓа во состојба на т.н. „точка на бифуркација“ кога мора да реши како понатаму. Но пред да започнам со елаборација, почитувајќи го Карл Попер и неговото барање да претходно точно се утврди значењето на поимите за да можеме да се разбереме. Во својот развој човештвото поминува низ повеќе форми на колективно организирање едно е народ а друго нација, нешто што нашите самонаречени политички аналитичари дал од незнаење или свесно постојано ги поситоветуваат овие два поими. Основно, да не должам многу, е дека народите ги создаваат државите а државите нациите, процес кој може да потрае и со векови. Македонија е еклатантен пример на збир на народи, впрочем тоа е нотирано и во Уставот, нација не е создадена, за жал, сеуште. Макотрпен е процесот на создавање на нација! Основен предуслов е да се познаваат и почитуваат меѓу себе народите кои инклинираат кон создавање на нација, овде во основа е уверувањето дека имаме потреба едни од други односно солидарност на заедничките интереси кои можат да се реализираат со заедничка и конструктивна политика во која сите ќе си го најдат својот интерес. Единствен начин да ги побиеме „нивните“ и „нашите“ национализми кои водат кон анархија. Токму поради ова Роберт Шуман ќе рече „потребно е секој да биде проникнат од уверувањето дека ние имаме потреба едни од други, без разлика на положбата и моќта што ја поседуваме“. Овде доаѓаме до основното, кое го напишав во почетокот од колумната, секој од нас мора во себе да ја најде синергијата помеѓу личното, посебното и општото.
Во моментот на „точка на бифуркација“ треба да се определиме: Дали ќе тргнеме по патот на создавање на нација или распад на државата и поделба по народи кои, неминовно ќе бидат лесен плен за нашите соседи? Единствен начин да создадеме горда нација, кога веќе живееме во мултикултурно, мултиконфесионално и мултинародно општество е да се приклучиме кон Европската Унија. Токму парадигмата на ЕУ соживот на разни народи и нации е нашата парадигма во создавање на современа нација и држава. Секоја друга „опција“ преставува само популистичка лага до изборите односно единствената опција која ни преостанува е онаа насловната, на оваа колумна, „Хот дог и расолница“.
Оливер Андонов