Драги пријатели, очигледно во минатата колумна не сум бил доволно јасен и затоа многумина од Вас прашаа за поентата на насловот „Хот Дог и расолница“. Така, во почетокот на оваа колумна да појаснам.

„Хот Дог и расолница“ е кодното име на тајновитиот план на Г-дин Мицкоски. Планот кој секаде го најавуваше но не го разоткриваше, оваа езотерија, дури, ги заинтригира и представниците на нашиот стратешки партнер САД, господата Ескобар и О’Брајан. На последното „уан мен шоу“ на Мицкоски во емисијата „Топ тема“, најмистичниот план, на светската политичка сцена, се демистифицираше. Мицкоски директно се обрати до Ескобар и О’Брајан и јавно им порача дека неговиот план е дека нема план!? Со ова Мицкоски го потврди кодното име на тајниот план „Хот Дог и расолница“ потврдувајќи ја нашата констатација дека станува збор за „политички аутист“.

Една од најстарите политички парадигми е т.н. „Византиска политика“ што во превод значи „едно мисли, друго зборува, трето прави“. Но за еден „политички аутист“ тоа е СФ (научна фантастика) приказна, несфатлива и неразбирлива. Мицкоски се покажува како крајно политички неграмотна персона која влетува во груб и насилен „политички секс“ без никаков претходен „политички петинг“. Ваква политичка игра светската историја помни од времето на „темниот“ среден век.

Потврда за оксиморонскиот, тапоглав политички дискурс на Мицкоски е политичкиот еквилибиризам на неговиот ментор Виктор Орбан. Но лице со така мал интелектуален и политички IQ, како Мицкоски, тешко дека може да го забележи тоа.

Виктор Орбан во замена за сторнираните финансии, од страна на Брисел, ги прифати сите одлуки на ЕУ во однос на Украина, на кои така „посветено“ им се спротивставуваше со што стана „икона“ на заблудените русофили. Но иконата целосно го сруши својот имиџ кога во понеделникот (22.01) испрати писмо со покана, шведска делегација да замине во Будимпешта за да ги расчистат дилемите околу членството на Шведска во НАТО. „Безобразниот“ Тобијас Билстром, Министер за надворешни работи на Шведска, целосно ја сруши аурата на „другарот на Путин“ отфрлајки го писмото со коментар дека нема што да разговара со Орбан и дека очекува Унгарија да го потврди членството на Шведска во НАТО. По објавата на турскиот парламент дека го подржува членството на Шведска, Орбан бргу-бргу (24.01) излезе со изјава дека и Унгарија го прифаќа членството и најдоцна до 15.02 ќе се ратификува во Унгарскиот парламент. Толку од новиот Че Гевара алијас Виктор Орбан и неговиот непоколеблив цврст став во заштита на името и делото на Владимир Владимирович. Со оваа политичка еквилибристика Орбан покажа, наспроти „луди Милојко“ алијас Христијан Мицкоски, дека добро ја разбрал поентата на насловот од колумната, позајмено од Дедо Марко Цепенков – На Оџа пезевенк не се вика!

За жал по Нас, членовите на ВМРО-ДПМНЕ, лоботомираниот ни ЛИДЕР остана сам на ветрометина како тврдокорен поданик на Москва и диктаторот Путин. Балканот како единствен политичар од таков маштаб го помни Енвер Хоџа, комунистичкиот диктатор на Албанија.

Штетите од политичкиот волунтаризам на политичкиот дустабанлија Мицкоски и досега се огромни, но тој како „слон во стаклара“ продолжува понатаму правејќи ги штетите непоправливи. Всушност тој продолжува да ја турка агендата на неговите политички ментори и финансиски поддржувачи.

Тоа дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дојде на власт и во периодот што следи целосно ќе се дефакторизира до исчезнување од политичката сцена или во најдобар случај поделба на партијата не е и некоја голема штета. Партии се создаваат достигнуваат крешендо и заминуваат во историјата. Штетите по членовите нема да бидат големи. Неколку пропаднати сништа на оние кои подолго време го сонуваат сонот во кој се возат во службени лимузини, покрај нив прекрасно суштество во секси здолниште и функција секретарка за се, сметки во Швајцарски банки… Но нашиот народец е прилагодлив, според него секогаш е актуелна онаа познатата „Царот е мртов, да живее царот!“ Во секое време е подготвен да излее златно „теле“, по примерот на Мицкоски, кому ќе му се клања.

Она што мене ме плаши, познавајќи го интелектуалниот капацитет на Мицкоски и неговата лукративност, како би рекол Тоше Проески „кога би можеле би го продале Бога“, Мицкоски за пари е способен да направи се, па дури и тоа. Имено, Мицкоски ја стави ВМРО-ДПМНЕ во графата проруски партии, активен чинител во прокси војната на Русија со САД и ЕУ, ова е во директна колизија со интересите на македонската нација но и со историјата на ВМРО од 1893 г.

На овој начин, Мицкоски, ги постави изборите на ниво референдумско изјаснување за или против ЕУ односно Русија. Познавајќи го убедувањето на македонскиот граѓанин ова неминовно води кон пораз на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа во минатата колумна напишав дека ја „зема“ функцијата Претседател на РИШ токму заради 100% сигурност да без проблеми ја воведе ВМРО-ДПМНЕ во сигурен пораз.

Поразот, како цел на Мицкоски, е почетокот на реализација на „црното“ сценарио напишано во Москва кое Мицкоски треба да го реализира. Подготовките одамна се прават и тоа пред нашите очи, но да се повторно повторам од минтиот пат со „глава во песок“ тие не можат да се видат. Во основа овие подготовки го имаа автошовинизмот на македонскиот народ, кој го креираше Мицкоски задскривајќи го со националпопулизам кој непосредно го подкрепува со шовинизам и сегрегација кон нашите сограѓани од албанско, бугарско, влашко и ромско етничко потекло. Ова постојано го истакнува во потесниот круг на своите соработници. Мислите ја читал „Мојата борба“ на Хитлер, не, Ви се молам не го глорифицирајте. Неговиот политички интелект сеуште се бори со „Малиот принц“ на Сент Егзипери.

Сценариото кое треба да го реализира, по поразот на изборите, е нарушување на Националната и граѓанска сигурност. Тоа се веќе видени сценарија со улични протести на граѓаните (членови на ВМРО-ДПМНЕ) поради изборни нерегуларности и украдена победа. Нешто слично како и „Шарената револуција“ на најголемиот изрод кој некогаш го изнедрил македонскиот народ, поранешниот претседател на СДС, Зоран Заев.

Ескалација на протестите и судир на народот со Полицијата, што е многу лесно да го изменаџираш кога Министерот за внатрешни работи е твоја марионетка. Но крајна цел на овие улични немири би бил меѓунационален судир кој би го запалил балканското „буре барут“.

Тоа е вистинската причина за оваа папазјанија која секој ден, како папагал, ја повторува Мицкоски „заштита на македонскиот национален (верувам мисли на народ) идентитет“. Всушност целта е попречување на македонските евроинтегративни процеси и реализирање на Руските империјални интереси.

Лично сум убеден и верувам дека народите во Македонија, кои со векови заедно живеат на овие простори, доволно се познаваат и почитуваат помеѓу себе како и дека имаат доволно демократски капацитет, со помошта на нашите стратешки партнери САД и нашата иднина ЕУ нема да дозволат ваквите инфантилни политички ескурзии на Мицкоски да се реализираат.

Дедо Герасим: Внучко запомни „Never believe to the cooker!“ или по странски „Никогаш не му верувај на куварот!“

Legi, intellexi, condamnavi!

 

Оливер Андонов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *