Размислувајќи за насловот на оваа колумна имав една сериозна дилема. Имено, размислував за наслов „Потрошена пропаганда“, што можеби повеќе ќе одговара на основната цел на самата колумна. Сепак се решив за еден ваков наслов, бидејќи користењето на потрошена пропаганда, на изветвени пропагандни трикови, претставува енормна глупост, па така „Глупавата пропаганда“ покажува и објаснува многу повеќе отколку една едноставна истрошеност, одминатост, заостанатост, неперспективност. Впрочем доколку некој не може да види дека определена пропагандна стратегија е потрошена и нема да даде соодветни политичко-општествени резултати, тоа значи дека има проблем со интелегенцијата, односно ГЛУП Е. Тоа што со лаги, измислици, полуинформации и манипулации преку грст „медиуми“ ќе се пласира нешто правејќи галиматијас и при тоа од платените пропгандисти нервозно ќе се вика во мегафонот, не значи дека глупавата пропаганда ќе го даде посакуваниот резултат. Посебно нема да даде гаранција дека широките народни маси ќе поверуваат на јавно изнесените глупости, невистини и замајувања.

Е сега, зошто „Глупава пропаганда“? Затоа што треба да си надарено глуп за да копираш пропагандна стратегија од времето 2006 -2017 (денес условите и општествено-политичкото опкружување се сосема различни) која во 2012 ја презема Вучиќ надградувајќи ја до кретенизам. И сега повторно да ја употребуваш така кретенска во обид да ја надградиш на ниво за потреби на луѓе со IQ 30 или на границата на Оксиморон што е идиотски. Идиотски е кон сопствените граѓани да им пласираш таква глупава пропаганда и при тоа да очекуваш долгорочни и сериозни политички бенефити кај мнозинството граѓани. При тоа да немаш видливи и мерливи политички, општествени, економски резултати и предвидливи идни политики за Македонија.

Пропагандата која ја користи Мицкоски и ја претставува како работа на силен ПР тим и организација на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ заради подигање на политичките бенефити, мобилизација на граѓаните, всушност „има“ ефект единствено врз клиентелистите и многу краткорочно врз масата со IQ 30 кои на ФБ ставаат лајкови или паѓа во несвест заради додворување кон Мицкоски. Може да наведам повеќе редовни клиенти кои не излегуваат од анусот на Мицкоски, и верувам дека самите ќе се препознаат, но не се важни тие. Тие како луѓе со сомнителен интелектуален капацитет си мислат дека Мицкоски токму нивниот ФБ лајк ќе го види и ќе ги запамети. Жално е тоа, иако некој ќе се насмее. За нас како Внатрепартиска фракција важно е дека Мицкоски не спроведува никакви политики. Затоа и глупавата пропаганда не е дел од политиката туку од заблудувањето на неинформираните граѓани и проверка на клиентелистичката маса колку е лојална и со тоа подготвена да ги голта сите глупости кои и се сервираат на политичкото мени.

А нашето политичко мени е исто како онаа во Србија, поточно на Вучиќ. Еднолично, блуткаво, потрошено, па колку и да се ставаат зачини тешко се голта. И како прв пример во оваа година е обидот за потполно копирање дури и на сценографијата од Вучиќ при свеченото отворање на (се уште комплетно не завршениот) експресниот пат Страцин – Крива Паланка. Потполно иста глупава пропаганда, а никој да се запраша како тоа се потрошени 94 (деведесет и четири) милиони евра наши буџетски пари за изградба на 25,5 километри експресен пат, а при тоа има само три моста, ниту еден тунел и од Страцин до Ветуница (околу 5 км) не е граден нов пат, туку е преасфалтиран стариот пат. Излегува дека генијалците потрошиле нешто над 3.867.000,00 евра за еден километар изградба на експресен пат. Ете добра можност за антикорупциска да побара увид во документите за изградбата на патот па да ја видиме улогата и на бизнисмените од СДС и на бизнисмените од ВМРО-ДПМНЕ со се рачињата во медот. Но тоа нема да се случи. Се обидоа да не забавуваат неколку дена помеѓу празниците кој е тоа заслужен за изградба на патот со наши пари. Истото ни го прават и со енормното труење на скопјани само во обратен правец, кој е виновен. Иако знаеме дека и Аеро-Аеро онаа црпната сподоба Заев (патем, нешто на Мицкоски медиумите не го споменуваат воопшто) глумеше екологист за да дојде на власт па еве осум години подоцна и Мицкоски ги обвинува „оние претходните“ за труењето на нашите сограѓани. И ова е во фазонот на Вучиќ, нели, оние претходните што правеа. А да го прашаме Мицкоски: „Ти Христијане од Марс падна па незнаеше дека Скопје е континуирано загадено посебно зиме“? Или: „Што ти за повеќе од шест месеци власт презема да го намалиш загадувањето“? Можеби престана во Скопје да гориш отровен отпад донесен од соседни држави или можеби воведе казни и задолжителни филтри за индустријата или можеби ја субвенционираше струјата за да не се затоплуваат граѓаните на дрва и јаглен или…, ти остана на оние претходните? Ни зборува Мицкоски за гасификација, а Скопје се гуши во отров и згора на се уште нема пречистителна станица за отпадни води, а не пак рециклирање на отпад. Исто како кај другар му Вучиќ кој на белграѓани им зборува дека за две години ќе летаат со дваесет илјади такси низ Белград (буквално ќе летаат – летечки такси за ЕКСПО), а се уште уринираат и фекалираат во Сава и Дунав. И тие немаат пречистителна станица во Белград, но затоа го имаат Белград на вода. Загадена, смрдлива, ама Белград е тоа и на вода, а „у Београду не умираат“, што би рекол Тасе. Ами се е исто, жими Тасе, копија сме на српскиот свет на Вулин во се, ама буквално. Ова „жими Тасе“ ми е посоодветно за нас Македонците, отколку „Шија ми га Ѓура“ на Панче, министер по занимање.

Во меѓувреме нашите медиуми (чест на поедини) во нај голем дел воопшто не известија за поздравот кој САД го испратија до другар му на Мицкоски, чичко Орбан. Имено САД го означија како корумпиран и безбедносно ризичен според законот Магнитски  високиот функционер на владата на Унгарија министерот Антал Роган. Овој Антал меѓудругото е поврзан и со работата на „унгарските медиуми“, што значи и во Македонија, па сега видете си вие, а и тие, кој тоа за пласирање дезинформации, лаги и манипулации зема коруптивни пари во илјадници евра месечно за да ве збунува и да не ја гледате вистината пласирајќи ви глупава пропаганда. И тоа кај нас си помина така, невидливо, поради големиот смог, не можеше да се види. Ами кој смее да известува за криминалите на другарот Орбан, оној добриот чичко што ни даде „поволен“ кредит кој Мицкоски никако не може да го пласира на пазарот на пари преку комерцијалните банки, иако се сотре од глупава пропаганда дека е тоа економско ремек дело кое само што не ја развило Македонија до летачки такси, барем пет илјади. Не можеме ние со бате Вуле, ем поголема држава од нас се.

Некако во исто време Стејт Департментот на САД излезе со изјава на свој функционер за Гласот на Америка дека корупцијата е врвен проблем во Македонија и ја испраќа истата порака до нашата влада како и до претходната, што би се рекло, ИСТИ СТЕ, и корумпирани сте. Но и оваа вест – поздрав – честитка за Нова Година не доби на широк публицитет во македонската јавност преку независните и критички непристрасни медиуми под контрола на Мицкоски (Антал) и неговата глупава пропаганда. Исто како што на граѓаните на Србија, никако да им кажат дека НИС (Нафтена Индустрија Србије) им е под санкции и тоа поради глумата на Вучиќ дека не е про руски, а на Божиќ централните вести на РТС им започнуваат со прва и ударна вест, како Путин го прославил Христовото Раѓање и што изјавил. Многу кретенски, нели? Посебно кога Вучиќ се обидува да ја продаде НИС на САД, а другар му Путин му испраќа поздрави дека ќе каже за Косово. Тешко е да се глуми гооолем мангуп на геополитичката сцена и цехот мора да се плати порано или подоцна, но најчесто најголемата сметка ја плаќа народот. Е па сега, „думам ти ќерко-сети се снао“.

Исто како што Стоиљковиќ другар му на Вулин, од позиција на потпретседател на македонската влада јавно искажува поддршка на Вучиќ во однос на актуелните студентски протести (против корупцијата и кои не се само студентски) во Србија, а Мицкоски па и Меџити не реагираат. Тие немаат став, збунети се и се за мир во куќа и трошење на власта. А тоа што се случува во Србија, поздравите до другарот Орбан и поздравите до владата на Мицкоски (според политиката на српски свет – Вулинизација и политиката на Москва), не можам да ја наречам влада на ВМРО-ДПМНЕ, тоа Мицкоски и коалиционите му партнери не ги засега иако некој можни сценарија веќе се тестираат во Македонија, ужас. Тие чекаат да добијат сигнал од Белград како да се однесуваат. Боде тоа иглата в газ, ама подобро да си молчат, можеби така треба, бидејќи Белград на бата Вуле ништо не зборува. Ама и Стоиљковиќ е Белград на Вучиќ, па за празноглави, доволно е што тој ќе каже, а си кажува и тоа во сред Скопје и од владина позиција. Е  чорба македонЧЕ. Можеби така треба за актуелен не европски Белград, но пораките од Брисел и Вашингтон се јасни и бодат в очи, не в газ. И пак, чорба…

Еве ние како Внатрепартиска фракција во ВМРО-ДПМНЕ ќе изразиме јавна поддршка за протестите на студентите и граѓаните на Србија кои се обидуваат јасно да го искажат својот револт против енормната корупција во Србија која одзема човечки животи и тоа буквално. По истиот принцип истата состојба многу бргу ќе дојде и кај нас бидејќи корупцијата убива и нема да остане само на иселување на воглавно младата популација и покрај глупавата пропаганда.

Така и глупавата пропаганда за чистотата на Бојан Христовски и веќе два месеци борбата да по секоја цена го држат в седло од бизарност премина во апсурдност. Ние станавме земја (не држава, далеку сме од уредена држава), земја на бизарности и апсурдности која сите, особено нашите партнери однадвор ја гледаат, и види, не се зачудени. Знаат тие дека Бојанчо ќе се бори за европските и НАТО вредности против УДБА на српскиот свет и можат мирно да спијат откако ми дадоа НАТО безбедносен сертификат. Тоа што српскиот свет тестира сценарија во Скопје е дел од планот на Бојан за борба против УДБА и со поддршка на НАТО, верувајте. Така барем јавно кажаа телалите на Мицкоски (Антал). А мора да им веруваме нели, нивна е државата, горди Македончиња се. Е сега, малку за повеќе пари, ами без пари не бива. Па и администрацијата и образованието и лекарите бараат пари, не дотолку, ама бараат.

Глупавата пропаганда на Мицкоски е до толку многу простачка копија во обид, на онаа што го прави Вучиќ што дури и секојдневното појавување во медиумите на отворање на „реновинари“ спортски сали, празнични Богослужби, отварање клонови на детски градинки или ракометни тренинзи проследени со изјави за медиумите и ФБ објави, го надминува самиот Вучиќ. Само чекам кога еден ден Мицкоски ќе го видиме во улогата на Архиепископот Стефан или можеби Масер познатиот фудбалер, претседател на ФФМ или автобусџија или бизнисмен беше, ќе го предложи Мицкоски за Реис на ИВЗ. Ма дај три во едно, да не се арчиме и така бизарности и апсурди на сите страни гледаме.

И во овој контекст на секојдневно појавување и давање изјави пред медиумите во Македонија имам едно конкретно прашање: „Христијан, ти работиш ли нешто како премиер или работиш исклучиво како Сораја“. Ти напишав еднаш одамна за Сораја, но очигледно не си разбрал, а тоа се должи на тоа што не читаш, и полтроните лошо ти ја пренеле пораката како што и оваа порака од колумнава ќе ти ја пренесат така за да можат да ти се упикаат подлабоко. Ти не ги читаш ниту владините документи па ти се случува да ти поминат глупави документи во кои за себе потпишуваш во трето лице, а не пак да прочиташ нешто темелно или пак да примиш и разбереш некоја јавна порака од полза на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ. Веројатно Сашо Дранго во паузата помеѓу убивањето мечка и дива свиња кога е на работно место успее да прочита и повеќе од тебе во облик на некој краток акт на ЈП ДП.

Токму затоа и глупавата пропаганда на Мицкоски нема да издржи долго, односно нема да му го даде посакуваниот ефект, како истрошена пачавра ќе потрае можеби до крајот на овој месец и тоа благодарејќи на некои други пост празнични и долго празнувачки состојби кои се карактеристични за нашиот народ напатен. Кога ќе се изеде (а во јануари брзо се јаде) и ново годишната кошничка, народецот ќе ја согледа грдата реалност и глупавата пропаганда на Мицкоски спасителот на името македонско и гордоста македонска.

Христијане, таа глупава пропаганда ја потроши Вучиќ дури и така надградена последниве десетина година, така што е веќе се видено, чуено и пласирано на твоите медиуми, вклучително и денунцирањето на личности од јавниот живот или нивно прогласување за државни непријатели и предавници. Вуле сега се бори како да преживее политички и во таа борба, ти, твоите клиентелисти, полтрони а и цела Македонија вклучително и посветениот му Стоиљковиќ не му се важни. Важен му е неговиот политички газ. Може да му требате единствено доколку може со некоја будалаштина да го ослободите од притисокот за да преживее, поради што преку ноќ ќе те жртвува Христијане, а и нас со тебе. А будалаштините веќе почнуваат и тоа пред нос ти се случува. Затоа фати се ти за работа доколку знаеш нешто да работиш, не ни го троши нам времето и на нашата партија, а најповеќе на нашата татковина Македонија. Твоето време изразено во мандат секако го трошиш бесцелно, а ќе дојде бргу времето кога ќе го потрошиш без можност за повторен кредит, па дури и Унгарски. Може наскоро чичо Орбан и Вучиќ нема да ги има, а сам баш нема да имаш шанси за политички опстанок. Но ВМРО-ДПМНЕ треба и мора да опстане, заради многу причини а една од нив е за да се ослободи од глупавата пропаганда и српскиот свет и да се врати на своите идеолошко-политички корени за Македонија и на патот кон ЕУ.

И убаво да си поминеш Христијан во САД со се целата свита, доколку снежната бура не те спречи да отпатуваш и ич да не ми те болат коленцата кога ќе пиете по коктели или други софри. Можеме ние и без тебе, тамам ќе ја дојдеме кошничката од Нова Година додека се вратиш за Св.Сава да се видиш со батко ти Вуле во душановиот град Скопје, ако биде во можност да дојде.

 

Оливер Андонов

 

П.С. За туристичкото заминување на Мијалков по примерот на Груби а платено со наши 11 милиони евра преку корупција, како и забавата за народ креирана околу Ферарито од 600 илјади евра и за тоа каде е Енвер Беџети, во друга прилика. Во меѓувреме ќе не забавуваат со Груби како што веќе Ви кажав, но и со одбележувањето на херојскиот чин на Мара Бунева која го уби Прелевиќ, кој патриотски чин наместо Фондација Македонија на Виктор Стојанов, да бевме нормални ние како Македонци или барем ние како партија ВМРО-ДПМНЕ ќе си го организиравме и одбележавме. Или тоа може да ги повреди чувствата на другарот Вучиќ и не се вклопува во неговото вежбање сценарија во Скопје? А ќе не забавуваат и со глупостите на Костадин Костадинов, но никој нема да каже дека Костадинов и неговото „Возреждание“ се јасно декларирана про Руска политичка партија. Сега очекувајте од идната недела да започнат да не забавуваат со одбележувањето на денот на раѓање на Гоце Делчев. А за вистинските прашања, проблеми и одговори на истите нема да има време.

За каква глава, таков брич! На здравје бричење!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *